Категории

Тарзан се враќа на малите екрани!

Време е за враќање на Тарзан, кралот на џунглата, на малите екрани. Од продукциската куќа “Warner Bros” пристигнува новата акциона авантура “The Legend of Tarzan”.

Главниот протагонист во филмот го глуми швеѓанецот Александер Скарсгард, познат од серијата на HBO “True Blood”. Се уште не се познати сите детали за филмот, но од трејлерот може да се види дека ќе уживаме во љубовната приказна меѓу Тарзан и Џејн (Марго Роби).

Тие двајца ќе мора да ги заменат опасностите и непредвидливите авантури во џунглата, каде сега цивилизираниот Тарзан ќе мора да се врати на своите диви корени.

Во филмот исто така глумат Самуел Л. Џексон, Џимон Хоунсоу, Џон Харт, Џим Броадбент и Кристоф Валц.

Дејвид Јетс ја правеше режијата за филмот, додека за сценариото беа задолжени Адам Козад и Крег Бруер. Во кината можеме да го очекуваме на 1ви јули 2016 година, а ќе биде дистрибуиран во 2D и 3D формати во одредени кина.

Прегледи:
500
Објавено на:
19.03.2016