Категории

ТАТО, НИКОЈ ДРУГ МАЖ НЕ ЈА ЗАСЛУЖУВА МОЈАТА ЉУБОВ, КАКО ШТО ЈА ЗАСЛУЖУВАШ ТИ!

 Тато, тебе ти се обраќам. Ти си единствениот човек на кој можам да се потпрам кога ми е најтешко, единственото рамо за плачење.

Никој друг маж не ја заслужува мојата љубов, како што ја заслужуваш ти. Јас секако дека ќе имам момчиња во иднина, но никој нема да го сакам така безусловно како што те сакам тебе. Ти си тато, единствениот кој го сакав, го сакам и ќе го сакам до крајот на мојот живот, без разлика на се.

Понекогаш се караме за работи што не си ми ги дозволил, а јас сум се налутила, но сето тоа ти го правиш за мое добро, тато. Знаеш дека секојпат кога ќе те видам како си изморен и испотен од работата, ми паѓа жал, но истовремено и ти се восхитувам, затоа што ти цел ден макотрпно работиш за мене и на сестра ми да ни биде убаво, за ние двете да бидеме облечени во убави алишта, да пиеме, јадеме и ништо да не ни недостасува.

Те сакам тато, затоа што си силен во душата, не сакаш со сестра ми и покрај сите направени грешки, ти знаеш да се налутиш, но длабоко во душата знам дека би умрел и ако само се гребнеме на прстот. Те сакам, голем човеку, не заборавај, иако никогаш не ти кажувам в лице, сепак ти си мојот херој, тато.

Ледена кралица

Прегледи:
419
Објавено на:
16.07.2016