Категории

Тажната приказна за кучето од Камчатка: Минуваат денови, тој сè уште го чека сопственикот на аеродромот

Сопственикот на ова куче немал доволно пари да го пренесе својот пријател, и не ги подготвил потребните ветеринарски документи, така што не било дозволено кучето да се качи во авионот. Сопственикот немал доволно време да се врати дома за да го остави кучето, па сега тоа го чека неговото враќање.

Имено, на рускиот полуостров Камчатка, едно куче го чека својот сопственик веќе седум дена. Сопственикот некаде одлетал и го оставил таму.

Персоналот на аеродромот вели дека кучето е тивко и пријателски расположено. Прифаќа храна од рацете на други луѓе и сака месо.

За само седум дена станал локална атракција. Корисниците на социјалните мрежи го нарекуваат Хачико од Камчатка и се обидуваат за него да пронајдат нов дом. Волонтерите од групата “Остров на надежта” се грижат за него.

– Луѓето на социјалните мрежи пишуваат за кучето со надеж дека ќе го пронајдат неговиот сопственик. Меѓутоа, досега никој не се јавил. Но, луѓе од сите краеви во светот се јавиле бидејќи сакаат да го посвојат – рекол еден од волонтерите кои се грижат за него.

– Неодамна една жена од Иркутск кажа дека е подготвена да ги плати сите трошоци за превоз на кучето, а во Москва во тек е акција за собирање на средства кои се потребни за негов превоз – велат од аеродромот.

На Камчатка сепак се надеваат дека кучето ќе го пронајде својот сопственик. Доколку биде пронајден, волонтерите се подготвени да му помогнат со потребната документација и со пари за превоз.

Прегледи:
437
Објавено на:
01.06.2016