Категории

Тажно е кога личностите кои ги познаваш, стануваат личности кои си ги познавал

Тажно е кога ќе поминеш покрај некого како никогаш да не бил голем дел од твојот живот..

[adrotate banner=”30″]

Тажно е кога ќе поминеш покрај некого како никогаш да не бил голем дел од твојот живот. И како некогаш си можел да зборуваш со некого со часови а сега едвај да можеш да го погледнеш. Не разбирам како можеш да се смееш цел ден, а да заспиеш во солзи вечерта. Како сликите никогаш не се менуваат, а луѓето во нив се менуваат.

Како можеме да сакаме толку невино, а тоа може да се претвори во омраза толку брзо. Како најдобриот пријател може да стане најлош непријател, а колку е чудно кога најлошиот непријател станува најдобар пријател. Како „засекогаш“ се претвора во само неколку кратки месеци за кои би дале се за да се вратат.

[adrotate banner=”32″]

Како можеме да пуштиме нешто за што некогаш сме рекле дека не можеме да живееме без тоа. Како луѓето кои еднаш сакале да го минуваат секој миг со тебе, сега мислат дека неколку минути се премногу.

 

Како мирисот на личноста останува со нас и кога личноста ќе исчезне. Како луѓето можат да ве избришат од својот живот само затоа што е тоа поедноставно отколку да се обидеш да ги поправиш нештата. Како поради некој за кој би го дале животот сега воопшто не ни е грижа? Како е да се живее без таа личност која порано сме ја сакале со сето свое срце. А најтажно од се е кога миговите со тие личности стануваат само сеќавања и ништо повеќе.

Прегледи:
429
Објавено на:
07.01.2020