Категории

ТЕАТАР КОМЕДИЈА ДОБИВА НОВ СЈАЈ

 

Националната установа Театар Комедија полека но сигурно ги подобрува условите за работа. Како што ни истакна в.д. директорот на установата Сашо Ристовски, веќе од пред неколку месеци се започнати реновирања на повеќе делови во театарот.

Тој истакнува дека институцијата полека но сигурно целосно ќе ги подобри условите за работа.Најпрво е извршено целосно реновирање на шминкерната,потоа целосно реновирање на фоајето.

Промена на дел од кровната кострукција и сега овие денови се вршат и градежни зафати на надворешниот изглед на објектот.

В.д. директорот истакна дека тука нема се сопрат активностите и дека ќе се продолжи со реновирање на тоалетите,гардеробите и работните простории на персоналот.

Прегледи:
532
Објавено на:
18.11.2018