Категории

„Со тебе се чувствувам како да сум најсовршеното суштество на овој свет“

Не сум совршена, далеку од тоа. Има многу поубави, попаметни, поинтересни и “совршени” во секоја смисла на зборот. Не сум девојка што спие во фризерските салони со совршено нашминкано лице и мазна сјајна коса. Не сум девојка со постојано средени нокти и не следам мода. Не сум девојка што секој викенд е “главна” во дискотеките, а не сум ни девојка која што сака да биде во центар на внимание. Јас сум девојката со бушава коса и неисполирани нокти. Девојката која мрази дискотеки и кратки фустани. Онаа која се лути за ситници и може да те излуди, но и да те сака како никоја.

Јас сум ТАА. Девојката во која можеш да пронајдеш сестра, пријателка, мајка, партнер и личен психијатар. Јас сум ТАА. Сакам гласно да се смеам, да пеам на цел глас, да викам кога ме задеваш, да ти ја пуштам раката само за посилно да ме гушнеш и да ми кажеш „не те пуштам“. Јас сум ТАА. Девојката што ќе те удри со цела сила, а потоа силно ќе те гушне бидејќи и е жал. Ти благодарам што ме засака таква каква што сум – несовршена и обична. Со тебе се чувствувам како да сум најсовршеното суштество на овој свет. Ти благодарам што знаеш да ми измамиш насмевка на лицето во моменти кога цел свет ми се руши. Ти благодарам што ги спои сите скршени делови од моето срце и направи повторно да сака, можеби и многу повеќе од порано. Ти благодарам што ме сакаш таква каква што сум и што секојдневно правиш подобра личност од мене. Јас сум ТАА, совршено неовршената девојка, а најважно од се, девојката на твојот живот и ТАА што неизмерно и вистински те сака.

 

Кристина Терзиева

Прегледи:
607
Објавено на:
02.07.2017