Категории

Тебе ти треба некој кој ќе ти помогне да ги раширеш крилјата и да го достигнеш небото

Постојат моменти кога на човекот му треба само една работа – некој што ќе го сака.

Некој на кого ќе му биде важен, некој што нема да го опсипува со внимание само додека тоа му користи, а потоа да го отфрли, но секогаш ќе знае да го цени неговото достоинство и да го поддржува. Постојат моменти кога на човекот му е потребна блискост на некоја личност не затоа што има нешто важно да каже, туку затоа што сака неговата тишина да има некој што ќе ја чуе и ќе знае што се крие во неа.

Постојат моменти кога на човекот му треба само една работа – некој што ќе му ја врати надежта. Затоа што му е доста од оние кои предвидуваат само најмрачни сценарија и ја гледаат иднината на светот во некоја маглива катастрофа и кои мислат дека се паметни затоа што не веруваат во ништо и ништо за нив нема поголема вредност. Постојат моменти кога на човек му треба некој што нема да биде во близина на него само поради неговиот физички изглед, ниту поради неговиот социјален статус, туку затоа што знае дека таа личност е вредна.

Постојат моменти кога на човекот му треба само една работа – некој што ќе му помогне да ги рашири крилјата и да му го покаже небото над него, а не некој што постојано ќе го тера да гледа во земјата и да се срами од своите постапки потценувајќи го за сè што направил и оставил зад себе. Има моменти кога на човек не му е потребна орда луѓе околу себе за да го следат, имитираат и ласкаат, но само оној кој секогаш ќе може искрено да му каже што е без разубавување и преправање.

Постојат моменти кога на човекот му треба само една работа – еден поглед, допир, прегратка, бакнеж затоа што е свесен дека среќата не е во некои големи работи, туку честопати во она што е мало и вообичаено, но затоа е полно со чувства. Тогаш ќе сфати колку е благословен ако веќе има таква личност покрај себе затоа што таа е богатство што ништо не може да го замени за него. Постојат моменти кога на човекот му треба едно срце и една душа покрај него за да биде тоа што е – човек.

Прегледи:
535
Објавено на:
05.01.2021