Категории

Теми на разговор кои треба да ги избегнувате во првата година од врската

Кога започнувате љубовна врска со некого, многу не ви е познато за таа личност. Факт е и дека различни парови напредуваат со различни чекори и дека некои теми се полесни, а некои потешки за преминување. Се што сакате да знаете за вашиор сакан, од друга страна, мора да бидете подготвени да го споделите со него. И иако има милион теми на листата, има некои за кои експертите велат дека треба да ги избегнувате во првата година од врската.

Главната причина е тоа што им е потребно врската да достигне одредена точка, односно да стане посериозна. И иако многумина не се согласуваат дека секоја тема треба да се „забрани“ во врската на почетокот, оние што стојат зад ова тврдење веруваат дека тоа се теми за кои, ако се разговара прерано, може да бидат фатални за врската.

Тема поврзана со минатото на вашиот партнер
Можеби ќе бидете изненадени што историјата на состаноци и врската од минатото на вашиот партнер се нешто на што не треба да трошите многу време на почетокот на врската. Причината е што имаме навика да формираме мислење за личноста што ја гледаме врз основа на добиените информации, што не мора да се совпаѓа со неговата суштина. Само затоа што некој во минатото не бил подготвен да се посвети на личноста со која била во врска, не значи дека не е способен да го стори тоа со тебе сега.

Тема за веридба
Многу парови во еден момент ја започнуваат темата за преземање на работите на следното ниво. И иако е индивидуално, експертите тврдат дека за тоа не треба да се зборува во првата година од врската. Пред да започнете со оваа тема треба да се запознаете доволно добро, да поминете доволно време заедно, како и да поминете низ одредени ситуации. Она што не сакате е да зборувате предвреме за нешто во што не се гледате.

Теми поврзани со прекумерно споделување информации
Иако е навистина позитивно да се разговара за голем број теми со партнерот, споделувањето информации може да има спротивен ефект. Не треба да го мешате ваквото однесување со отвореност, бидејќи тоа се две сосема различни работи. Честопати луѓето прибегнуваат кон прекумерно споделување информации со цел да предизвикаат емоционална врска со партнерот и на тој начин да ја продлабочат врската. Сепак, ова може да создаде страв од продолжување на врската кај одредена личност.

Темата за заеднички живот
Идејата за заеднички живот е онаа што исто така обично се појавува по една година врска. Слично на свршувачката, оваа тема не треба да се разгледува ако парот не поминал доволно време во текот на дадената година заедно, и ако сеуште има непознати работи меѓу нив. Ова е важен чекор и не треба да се брза.

Теми за тешки семејни ситуации
Семејството е важно и дефинитивно треба да се дискутира. Сепак, не треба да им откривате работи за вашето семејство на сите на кои ќе наидете. Ако не сте сигурни дали вашата врска ќе трае, треба да се избегнуваат важни и чувствителни теми што се однесуваат на вашето семејство.

Прегледи:
533
Објавено на:
19.08.2021