Категории

ТЕСТ: Каков е односот со вашиот партнер – одберете ја пеперутката која најмногу ве привлекува и откријте

Дозволете и на вашата интуиција да ве води.

Овој забавен и прилично точен тест го анализира вашиот однос на најдобар можен начин. Погледнете каков е вашиот темперамент и карактер во врската. Се што треба да направите е да одберете една од овие пеперутки на сликата..

Која пеперутка ја одбравте подолу ќе ви каже што таа зборува за вас.

Пеперутка број 1
Вие сте среќни кога сте во врска.
Вие никако не тежнеете кон врска само колку да не бидете сами. Среќни сте кога сте покрај некој кој е посебен. Забавно ви е да доживувате посебни мали нешта со партнерот и го сакате чувството на стабилност. Исто така ја сакате и ја цените својата слобода и сте среќни и кога сте сами. Секогаш умеете да ги проценувате добро другите луѓе и да го изберите вистинскиот партнер.

Пеперутка број 2
Нема да започнете врска ако не сте доволно сигурни дека ја сакате таа личност.
Не сакате премногу да размислувате за љубовта, но тоа не значи дека гледате негативно на неа. Чувствувате дека животот е краток и пронаоѓањето на вистинската љубов е не е крајната цел. не сакате да бидете во врска со тој кој неможе да ви го понуди она што го барате од еден партнер. Сакате да ја пронајдете вистинската личност со која совршено ќе се вклопувате. Ве исполнуваат нештата кои сакате да ги правите, како хобија и интереси.

Пеперутка број 3
Вие сте некој кој ужива во својата слобода!
Вие сте некој кој е среќен и кога живее сам. Меѓутоа не сте тип на човек кој би бил сам засекогаш. Ја разбирате својата слобода и желба за самотија, вие сте независна личност па сте прилично добри во донесување на одлуки. Мислите дека вашето време поминато сами е подобро искористено, на љубовта гледате од романтична страна.

Пеперутка број 4
Сакате да бидете во врска повеќе од се!
Сакате да запознаете некој посебен, често се чувствувате осамено и среќни сте кога знаете дека можете да се потпрете на некој друг. Кога размислувате за среќа мислите на смејество, партнер и пријатели. Важно ви е да имате стабилна емоционална врска, љубов и брак. Сакате да се дружите.