Љубителите на патувањата ги исполнуваат пасошите со печати, фрижидерот со магнети од прекрасните градови кои ги посетиле, а исто така најчесто земаат по некој сувенир од секое место што го чуваат во домот како спомен.
Но, постојат и такви, кои на уникатен начин ја „запечатуваат“ љубовта кон патувањето или пак, работата поврзана со патување и се одлучуваат за тетоважа на своето тело.
Најчести мотиви на тетоважи се печати во пасош, мини авиони, како и мапи од местата кои ги посетиле и кои ги оставиле без зборови.
Постојат многу идеи за тетоважи, а доколку обожавате да патувате и сакате да имате тетоважа, погледнете ги идеите прикажани на фотографиите подолу.