Животот ни е даден на сите, и само од нас зависи дали ќе бидеме само неми набљудувачи или ќе ја имаме главната улога во него.
Многумина ќе кажат: „Се би дал за да сум на неговото/нејзиното место.“ Слушајќи ја приказната на некој поголем јунак и поистоветувајќи се со неа, и така многумина ќе се замислуваат себеси во животот на другиот.
Прекрасно е да се восхитуваш на нечии достигнувања, и да гледаш идеал во некој друг, но пред се мораш да научиш да го сакаш сопствениот живот и да се прифатиш себеси онаков каков што си и да дадеш се од себе ти да бидеш својот херој во својата сопствена приказна.
Животот ни е даден на сите, и само од нас зависи дали ќе бидеме само неми посматрачи или ќе ја имаме главната улога во него.
Престани да се споредуваш со другите и започни да ја градиш својата слика за себе и да дејствуваш според неа, започни да се споредуваш себеси со вчерашната верзија на тебе и онаа која сакаш да станеш утре.
Престани да бидеш пасивен посматрач и превземи акција, овој живот не ти е подарен само да поминеш низ него како ветер кој нема да помести нити еден лист на земјата. Од тебе зависи, можеш да оставиш трага која ќе биде нечиј пример и нечија мотивација. Направи разлика!