Категории

Ти постоеше пред него и ќе постоиш и после него – Светот не застанува за едно скршено срце

Кога ќе се случи ова, кога љубовта ќе замине, треба да запомниш една работа: Ти беше некој пред тој да влезе во твојот живот.
Да, ти беше Не се сеќаваш?

Ти се смееше и пред таа вечер кога тој ти раскажуваше случувања од неговото детство. Ти беше важна и пред тој да ти каже колку му значиш. Имаше вредност пред тој за прв пат да побара поддршка од тебе. Ти сакаше и пред него. Имаше пријател и пред него. Имаше инспирација и пред него. Дишеше пред него. Ти беше на себеси многу пред да го научиш неговото име и кога за прв пат ти кажа дека сега си негова. И што е најважно, сеуште си некоја и после него. Ти не го изгуби своето јас со неговото заминување, ти не престана да бидеш ти откако тој излезе од твојот живот.
Затоа запомни дека е во ред тоа што си сакала толку силно што се се претворило во пепел, тоа не го прави ова искуство нереално и лажно. Се беше вистина, и таква која ја доживеа, се случи во овој живот и мораше да заврши.

Затоа продолжи напред кон своето лекување, и отпушти ја болката полека, но запомни на што те научило сето тоа, и не заборавај која си била пред него. Тој не те дефинира, никогаш нема да бидеш дефинирана од некоја друга личност. Ти постоеше пред него и ќе постоиш и после него, никогаш не го заборавај тоа.

Прегледи:
506
Објавено на:
15.04.2021