Додека влегувал во небото, Исус уште еднаш за последен пат ја погледнал земјата која тонела во мрак. Се наѕирала уште мала светлина од градот Ерусалим. Архангел Габриел кој чекорел пред него, запрашал..
Додека влегувал во небото, Исус уште еднаш за последен пат ја погледнал земјата која тонела во мрак. Се наѕирала уште мала светлина од градот Ерусалим. Архангел Габриел кој чекорел пред него, запрашал:
„Господине, каква е таа мала светлина на земјата?“
„Тоа се моите ученици собрани во молитва околу мојата Мајка. Планирав, штом стигнам во небото, да им го испратам Светиот Дух, тие мали пламења да се распламтат со љубов и да го осветлат сиот свет.“
„А што ако планот не ти успее?“ – прашал Габриел.
После неколку мига молк, Синот Божји мирно одговорил:
„Немам други планови.“
И ти си еден мал пламен во темната ноќ на овој свет. И ти си дел од Божјиот план. Важен си, всушност, ти си незаменлив! А незаменлив си затоа што Бог нема други планови.