Категории

Ти си личност која е посебна и каква нема да се роди на овој свет никогаш повеќе!

Следниот пат кога повторно ќе се посомневаш во себеси и ќе добиеш напад на паника и страв, те молам сети се на овие зборови..

Знам дека си изморен и едвај ги отвараш очите, но направи го најдоброто од себеси денес. Тоа е единственото нешто кое го барам од тебе. Тоа единственото нешто кое можеш да си го побараш од себе. Немој да се притискаш себеси, немој да бидеш суров спрема себеси.

Знам дека се плашиш од неуспех, се стремиш кон совршенство и се уништуваш себеси секој пат кога ќе потклекнеш пред сопствените очекувања.Ти си твојот најголем непријател и сакам да ти кажам дека можеш да го промениш тоа.
Знам дека премногу се грижиш и премногу размислуваш, но не мораш да го правиш тоа.
Тоа што толку се грижиш е знак дека си цврста личност, тоа не е слабост, тоа е твоја доблест.
Ти имаш срце кое не сака да ги повреди луѓето. Знам дека сакаш да ги направиш вистинските избори, и сакам да знаеш дека во овој миг го правиш токму тоа.

Знам дека понекогаш твоето срце трепери толку силно што го покриваш сето тоа со лажна насмевка, знам дека постојат мигови кога едвај ја контролираш својата анксиозност, само земи здив. Направи го сето она кое ти помага да се смириш. Во ред е понекогаш да има такви мигови, важно е само да знаеш дека ќе поминат и дека се безопасни.

Знам дека се мразиш себеси поради тоа што понекогаш плачеш тајно во прегратката на твојата перница, знам дека ја мразиш својата слабост, но јас не гледам на тоа така, јас мислам дека тоа те прави цврста личност, поцврста од сите.
Следниот пат кога мислиш дека не можеш повеќе, сакам да знаеш дека се ќе биде во ред. Твојот живот е под твоја контрола и се е во ред. Оние луѓе на кои вистински им значиш и се грижат за тебе нема никогаш да те напуштат, тие се покрај тебе и таму и ќе останат.
Запомни дека си сакан и дека си потребен на овој свет. Немој да дозволиш твоите стравови да те дефинираат, ти си личност која е посебна и каква нема да се роди на овој свет никогаш повеќе. Ти вредиш!

Прегледи:
1005
Објавено на:
27.09.2020