Иако ни се чини дека модата донесува мноштво иновативни трендови, таа всушност само ги оживува и реставрира постоечките кои се носеле децении наназад.
Веќе неколку години, модата од 70-тите, 80-тите и 90-тите повторно ги освојува срцата на трендсетерките, па повторно проследивме неколку заборавени трендови кои ни овозможија повторно да „нурнеме“ во гардеробот на нашите мајки.
Овие актуелни трендови веќе децении уназад го пронаоѓаат своето место во актуелната мода.
Еве кои од тие парчиња ќе ги носиме повторно и оваа и сезоната што ни доаѓа:
Тексас јакна
некогаш се носеа долги тексас јакни кои речиси секој од нас ги поседува. Тексасот едноставно се комбинира со секој outfit, што е една од главните причини поради кои секоја година е омилен помеѓу жените.
Старки
30-тина години наназад старките беа најносените патики. Баш како во 70-тите и денес се абсолутно омилени и популарни, особени во комбинација со фармерките со висок струк кои ќе ги истакнат вашите облини.
Каиш околу појасот
Овој тренд кој го достигна својот врв на популарност во 80-тите денес повторно завладеа со модната сцена како некогаш. Модните фанатички ги носат над јакни, блејзери и панталони со висок струк.