Категории

Тие се најдобрите мажи во Зодијакот!

Секој човек има свои добри карактеристики кои го прават уникатен, но експертите од областа на астрологијата сметаат дека положбата на планетите и хороскопскиот знак имаат голема улога врз карактерот на личноста.

 

Како сопруг, Бикот има многу подобри карактеристики од другите знаци од хороскопот. Иако Бикот многумина го сметаат за неморален, ова може да биде вистина само ако има силна потреба да го задоволи својот интензивен физички живот.

Инаку тој е нежен и првенствено верен.

Никогаш нема да го игнорира домот и семејството заради некој друг свој интерес. Тој ја обожава својата жена и своите деца и се труди да им обезбеди најдобри услови за живот, едукација и сè што нуди светот.

Бикот е тип на маж, кој најчесто се жени за девојка која е со подобра материјална и социјална положба од него, бидејќи се води од амбицијата да успее и да се движи во повисоките социјални кругови.

Венера му дава исклучителна смисла за естетика, што придонесува Бикот секогаш за себе да бара убава жена.

Откако ќе се ожени тешко може да го натерате да се разведе.

Прегледи:
300
Објавено на:
17.10.2017