Денес многу жени кои се во триесеттите години се без партнер. На прашањето зошто се сами, нивниот одговор најчесто е – „Мажите не сакаат да се врзуваат“
Зошто мажите не сакаат да им дозволат на жените да им се приближат? Ви откриваме кои типови на мажи се склони да го избегнуваат врзувањето за една жена.
1.Нарцис
Убав,успешен,талентиран,харизматичен – тешко дека некоја ќе успее да му одолее на неговиот шарм. Но бидете вниматели, таквиот човек може да ве магепса, но тој всушност се сака само себеси. Се што ве очекува се преценети побарувања и егоцентризам од неговата страна.
2.Господин „емоционална нестабилност“
Тој е човек со хроничен ПМС. – Неодлучен, хистеричен, нервозен дури и плачко. Ни сам не знае што сака: лута од една на друга страна, запрашајте се дали навистина ви е потребна таква личност.
3.Вечно дете
Сакате да знаете како е да се биде мајка? Почнете да се гледате со типот кој се однесува како да е сеуште бебе. Тој има толку прашања за овој свет а вие ќе треба да одговарате на секое од нив. Тој не знае ништо, па затоа вие ќе морате да одлучувате место него. Дури и во наједноставните ситуации тој е бесмошен па морате да му помогнете одма.
4.Незрел
Венчавка? Брак? Одговорност? Не, никогаш не слушнал за тоа. Тој тип преферира леснотија во све и препознава само пролазни односи. Тоа не значи дека ќе се видите само еднаш, тој ќе се појави, ќе исчезне па потоа повторно ќе се појави и така во круг.
5.Човек паразик
Ако сте влегле во врска со овој тип на маж, спремете се да влезете и емоционално и финансиски а да не добиете ништо за возврат.
Финансиската страна е засебен разговор: се што треба да се купува, вечерите во рестораните, ги плаќате вие, а тој како и секогаш, не може да ви купи нити еден поклон. (едноставно не сака)
6.Папучар
Постојат две врсти на папучари. Тоа е човек со мек и пријатен карактер кој е во се погоден дури и поднослив за врска. И човек со ниска самопочит кој е едноставно досаден: тој нема своја иницијатива па е потчинет и подложен на се однапред.