Категории

Типови на мажи кои никогаш нема (не треба) да бидат ваши

 aslovna-810x540

 Без разлика на тоа што знаете дека никогаш нема да бидете со него, не можете тоа да им го објасните на пеперутките во стомакот кои затреперуваат секогаш кога ќе го видите.

Во текот на годините, типот на недостижно момче по кое копнееме се менува, но константа е дека таков секогаш постои.

# Братот на вашата пријателка…она кога сакате да ја натерате вашата пријателка да влезете во собата на брат и за заедно да слушате музика.

# Тип кој е ваша целосна спротивност…тој е панкер, а вие нежна принцеза. Но и покрај тоа фантазирате за него и за толку забавен пар би биле.

# Момчето на вашата пријателка…иако е забрането овошје сепак признајте дека сте помислиле како е да бидете на нејзино место.

# Авторитативна фигура…тој е поприлично повозрасен од вас, но е неверојатно шармантен. Иако знаете дека не смеете да бидете со него, дозволено е да фантазирате.

# Недостапен тип…иако помеѓу вас постои одредена хемија, кога вие бевте сингл тој беше во врска и обратно. Ах, можеби во некој друг живот…

# Колега од работа…јасно ви е дека тоа е минско поле, но сепак и понатаму е мелем за вашите очи.

# Секси странец…го запознавте на некое патување и сметате дека тој и неговиот акцент се неверојатно секси но суровата реалност е дека ве делат илјадници километри.

# Пријател…тој од секогаш ви е најдобар пријател и често го доживувате како брат. Сепак во последно време го гледате поинаку, сфаќате колку убаво изгледа и знаете дека добро ќе се сложувате, но се плашите да не расипете се.

Прегледи:
336
Објавено на:
14.06.2016