Малкумина знаат дека нашата евровизиска претставничка Јана е во љубовна врска со гитаристот од нејзиниот бенд „Оф битз“, скопјанецот Александар Филиповски.
За приватниот живот на нашата евровизиска претставничка Јана Бурческа малку се знае.Јавноста имаше можност првпат да ја запознае кога таа имаше 17 години, односно по учеството во првиот македонски „Идол“.
После тоа музичко натпреварување, Јана започна врска со пејачот Виктор Апостолоски, кој исто така беше дел од „Идол“. По неколкугодишна врска со него, Јана ја прекина врската, но и двајцата останаа во добри односи.
Меѓутоа, малкумина знаат дека нашата евровизиска претставничка Јана е во љубовна врска со гитаристот од нејзиниот бенд „Оф битз“, скопјанецот Александар Филиповски.
Јана и Александар се заедно скоро две години, но и двајцата не сакаат да зборуваат за нивната врска.
– Супер им оди, се сакаат, се почитуваат. Александар ѝ беше најголемата поддршка кога МРТ одлучи токму таа да ја претставува нашата земја во Киев. Слободно ќе кажам дека се создадени еден за друг. Филип е веќе заминат во Киев каде што ќе ја бодри в четврток, па здравје Боже и в сабота – вели извор близок на двојката, а кој од разбирливи причини сакаше да остане анонимен.
Извор : Телеграф.мк