Категории

ТОЈ Е СРЕЌЕН СО ДРУГА, А ЈАС СТОЈАМ НАСТРАНА И ГО САКАМ ОД ДАЛЕКУ

Го сакам премногу, но што ми вреди кога тој знае и сеедно му е. Тој е среќен со друга, а јас стојам настрана и го сакам од далеку. Не заслужува, проклет да е, не заслужува толку чиста и искрена љубов.

Ама го сакам, онака искрено, безнадежно. Веќе нема ни торшка надеж дека некогаш ќе бидеме среќни заедно. Но и покрај тоа јас ќе го сакам. Најважно е тој да е среќен, а мене можеби ќе ми помине.

Ќе ми се кине срцето додека го гледам како е среќен со друга, но искрено би му ја посакала целата среќа на овој свет, целата среќа што јас ја посакував за нас двајцата.

Колку и да се трудев околу нас беше залудно, тој избра крај, веќе ништо не ми остана освен да му посакам среќа. А јас, јас ќе стојам настрана и секогаш ќе го сакам. Секогаш!

Талевска Јована

Прегледи:
560
Објавено на:
20.07.2016