Категории

ТОЈ ’РЧИ, А ВИЕ НЕ МОЖЕТЕ ДА СКЛОПИТЕ ОКО – КОЕ Е РЕШЕНИЕТО?

Љубовта победува сè. Преминува океани, поместува планини и секако ви го менува животот. Нема нешто што љубовта не може да победи…освен ’рчењето, што е и третата најчеста причина за развод во САД и Велика Британија.

За сите оние кои го делат креветот со нивниот партнер и имаат проблеми со оваа иритирачка навика, еве неколку лесни начини за како да ја надминете.

Натерајте го да спие на страна

Кога спие на грб, јазикот и непцето на вашиот партнер паѓаат на ѕидот од грлото со што се попречува процесот на дишење и почнува да се произведува ужасниот звук на ’рчење. Доколку го свртите на страна, неговото грло ќе остане отворено. Со ова се зголемуваат шансите дека ’рчењето ќе сопре.

Натерајте го да ослабе

Ова е многу слично со првата точка. Доколку вашиот партнер има вишок килограми, неговите бели дробови и вратот го попречуваат протокот на воздух. Но ова можеби и не е најголемиот проблем. Доколку тој има вишок килограми, исто така има големи шанси да страда и од ноќна апнеа.

Натерајте го добро да го издува носот пред да си легне

Дишењето преку уста предизвикува ’рчење, па добра идеја е вашиот партнер да проба да диши на нос. Натерајте го добро да го издува носот пред спиење и исто така да почне да користи спреј за нос кој ќе ги прочисти носните патиша.

Медицинска помош

Доколку ништо од ова не му помага, побарајте медицинска помош. ’Рчењето може да биде предизвикано и од искривен носен септум, синуси, цисти и слично. Секако, за овие проблеми е потребен лекар.

2

Затнете си ги ушите

Доколку вашиот партнер одбие да посети лекар, тогаш време е да почнете да користите затки за уши. Но не ги користете секој ден – оставете ги ден или два за да ви се одморат ушите.

Природни лекови

Има голем број природни лекови кои исто така помагаат при ’рчење, како на пример копривите. Во две шољи зовриена вода ставете неколку суви коприви и оставете ги да отстојат 10-15 минути. Дајте му го чајот на вашиот партнер пред спиење. Гаргара со чај од нане пред спиење исто така помага.

Добро исчистете го домот

Алергиите се исто така голем предизвикувач на ’рчење, па затоа многу е важно вашиот дом да е чист, особено спалната. Исчистете со правосмукалка и исперете ги завесите и постелнината бидејќи таму се собира најмногу прашина.

Внимавајте на исхраната на вашиот партнер

Верувале или не, начинот на исхрана многу влијае на ’рчењето. Помогнете му на вашиот партнер да избегнува калорични оброци и алкохол пред спиење. Алкохолот ги опушта мускулите на грлото, а ова доведува до ’рчење.

3

Спијте во различни соби

Можеби ви звучи екстремно но ова е најдобриот начин за двајцата да спиете поквалитетно со што и другиот ден ќе будете порасположени и поактивни. Друга алтернатива е да спиете на обратна страна – еден со главата нагоре, другиот со нозете.

Не очајувајте доколку ништо од ова не ви помогне. Веројатно по некое време ќе се навикнете на ваквите звуци, па можеби и ќе ви помогнат за побрзо да заспиете.

Прегледи:
368
Објавено на:
05.06.2016