Актерот Том Хенкс е во среќен брак со една година помладата колешка Рита Вилсон. Двократниот оскаровец смета дека овие 6 правила се клучни за долга и успешна врска.
Не влегувајте во брак пред 30-тата година
Том и Рита се запознале во текот на снимањето на филмот Volunteers во далечната 1985 година каде глумеа заљубен пар. Том веќе беше во брак и имаше две деца додека Рита беше верена. Меѓутоа помеѓу нив пламна љубовта на прв поглед. Три години се гледале тајно а потоа Хенкс се развел и одма ја запросил Рита.
Денес глумецот признава дека првиот брак го склопил импулсивно и во тоа време бил доста млад и не размислувал. За да влезете во брак прво морате добро да размислите и свесно да се одлучите на тој чекор. „Не венчавајте се пред да наполните 30 години“ – советува актерот.
Излезете во пресрет на партнерот, дури и во најкритичните ситуации
Том Хенкс по вероисповед е католик, а неговата сопруга е припадничка на православната црква. Бидејќи Том знаел колку на Рита и важна црквата и верата, па одлучи да ја промени својата вера. „Се жртвував за својата жена. Рита има грчки корени и припаѓа на православната вероисповед додека јас сум католик. Затоа што ја почитувам нејзината фамилија, одлучив да преминам во православна вера.“ – кратко и јасно сподели Том.
Поддржувајте се еден со друг
Во текот на годините кои ги поминале заедно, парот доживеал многу, но секогаш останале поддршка еден на друг.
Во текот на 2015 година, Рита открила дека има рак на дојката. Признала дека се плашела како нејзиниот сопруг ќе ја доживее нејзината болест и како тоа ќе се одрази на нивниот брак. Меѓутоа нејзините стравови биле неоправдани затоа што Том се потрудил да и ја даде сета неопходна поддршка на својата сопруга.
„Се што можев да направам е длабоко да и се поклонам да мојата жена за нејзината огромна храброст. Таа е мојот херој, и се восхитувам секој ден и сум благодарен што е покрај мене.“
Правете мали и убави нешта за вашиот партнер.
Славниот пар патува многу. Го посетиле скоро секое место на планетата. И покрај долгите години во брак тие сеуште прават убави нешта еден за друг.
„Мојата сопруга е моја сакана,пријател, и најголема поддршка. Побрзани сме еден со друг и не можам да го замислам животот без неа. Често оставам пораки на нејзиниот телефон и во кујната да ја потсетам колку ја сакам. Во текот на денот и праќам слики кои ќе ја насмеат и ќе и го разубават денот. Мислам дека тоа и се допаѓа.“ – откри Том