Категории

Топ 10 “must have beauty products” кои чинат помалце од 500денари за секоја жена

 

 

  1. Seventeen млеко за тело

Хидратантни креми кои што ја прават кожата свилена при допир, секое поединечно има прекрасен мирис кој што по нанесувањето ќе трае повеќе од 5 часа.

 

  1. Аvon Heat Protection Spray

Новиот спреј за заштита од горење на косата на Авон е нешто што мора да го поседува секоја жена која често ги користи апарати за коса со висока температура.

 

  1. Дуо стик за контура Maybeline

Facestudio Master Contour стикот две во едно овозможува контура и highlight во два лесни чекори. Го има во две нијанси со голема пигментација.

 

  1. Maybeline Lash Sensational Mascara

 

Уште еден продукт на Maybeline кој направи бум оваа година. Тајната во одличниот ефект на оваа маскара се наоѓа во заоблената четкичка која содржи 10 слоја на остри влакна со формула која овозможува маскарата да трае во целиот тек на денот.

 

  1. Powder mat make up Manhattan

 

Дерматолошки тестирана пудра која остава кадифесто нежен мат финиш по нанесувањето. Микро прав пигментите кои ги содржи спречуваат вашето лице да изгледа сјајно и го даваат тој мат тон на кожата.

 

6. Catrice Liquid Camouflage Concealer

 Високо пигментираниот течен водоотпорен коректор на Catrice е “must have” производ за убавина кој мора да го имате во вашиот мејкап несесер оваа есен и темните кругови околу очите и црвенилото можат да бидат дел од минатото.

  1. Longstay Liquid Matte Lipstick Golden Rose

Било кој број, било која нијанса, овие мат сјаеви содржат одлична формула, прецизен апликатор и одличен мирис и пигментација. Нешто што е најдобро за овие мат сјаеви е што траат во целиот тек на денот и не се размачкуваат додека се бакнувате. Хм Хм ..

 

8.  Aura Glorious Cheeks Highlighters

Еден од најпопуларните мејкап производи оваа година без кои make up look-от не изгледа комплетен е Highlighter. Не секогаш можат да се најдат по ниска цена, па затоа ќе го издвоиме Аура Highlighter-от во две нијанси со висока пигментација, а цена под 500денари.

 

 

  1. Aura молив за веѓи

Формула која овозможува висок квалитет и долготрајност. На самото моливче се наоѓа четкичка која ги расчешлува веѓите и овозможува да ги оформувате веѓите по ваша желба.

 

 

  1. Aura сретство за отстранување на шмикна

Повторно производ на Aura новиот Таke off отсранувач на шминка има формула која ги отстранува сите мејкап прозводи кои се водоотпорни и не ја прави вашата кожа мрсна по чистењето.

Прегледи:
865
Објавено на:
07.09.2016