Некои од нив ги обожававме во текот на летото, па ќе ги присвоиме и оваа есен.
No makeup – без шминка
Бидејќи оваа година е во фокусот на конекцијата соприродата, сосема е разбирлива потребата за што поприроден изглед. No makeup стилот е особено обожаван во летниот период, а привлече доста вниамние за време на вонредната ситуација. Ако не сте преголем љубител на шминка, ова е вистински миг да заблескате. Лесно, свежо и ви дава можност да ја истакнете вашата убавина на нов начин.
Сјајни усни
Убаво дефинираните волуменозни усни истакнати со сјај за усни секогаш изгледаат свежо и природно. Она што е особено добро кај овој изглед е тоа што визуелно ги прави усните поголеми.
Мат кармин за усни
Особено внимание оваа есен обрнуваме на мат нијансите за усни. Доколку не сте љубител на сјајните усни, оваа есен ни пристигнуваат доста сензуални мат тонови. Стопувајќи се есенскиот декор, овие нијанси изгледаат неодоливо на секоја дама.