Категории

Топ 4 фризури за дами кои подмладуваат

Точно е дека кратката коса визуелно ги намалува годините, но тоа дефинитивно не е строго правило кога станува збор за повозрасните жени. Ви претставуваме топ четири фризури кои најмногу ги подмладуваат жените – две за подолга и две за пократка коса, па сами изберете според својот вкус и облик на лице!

Лоб со шишки

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Zumreta (@bloomwithzum) on


Овој тип на шишки кој постепено се шири е идеален за жените со високо чело. Освен што ќе го прикриете челото, ваквата фризура на лицето делува освежувачки и дава „помек“ израз. На жените со густа коса одлично им стои лоб или подолг боб, но оваа фризура со здоволство ја носат и оние со потенка коса.

Префинети бранови средна должина

Само еден поглед на косата на огнената дама Џулиен Мур (58) говори илјада зборови. Оваа жена навистина изгледа одлично, а ни во зрелите години не се откажува од подолгата коса. Таа точно знае како да носи бранови на нејзиниот тип на коса – важно е да имате лесно навиткана коса, а не големи нескротливи локни. Оваа фризура е одлична за жените со округлесто лице кои имааат природни бранови.

Неуреден боб

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Milla Jovovich (@millajovovich) on


Идеално за жените кои немаат мазна, туку непослушна, но јака коса. Поентата на оваа фризура е тоа што каков и да направите потег со рацете на неа, фризурата ќе биде одлична. Мила Јововиќ е одличен пример за оваа фризура – нејзиниот боб со патец на страна изгледа беспрекорно и во исто време остава впечаток на немарност, но на добар начин, не изгледа неуредно.

Пикси

 

View this post on Instagram

 

A post shared by KATY PERRY (@katyperry) on


Конечно и љубителките на кратката фризура дојдоа на ред. Иако оваа фризура сама по себе изгледа малку мажествено, жените со ваква фризура, како Кети Пери, ги рушат таквите стереотипи. Пикси фризурата бара сериозно одржување, така што одењето на фризер секоја недела е задолжително. Но, оваа фризура одлично им стои на жените со тесно и изразено лице.

Прегледи:
774
Објавено на:
21.02.2019