Категории

Топ 6 летни makeup трендови

Летото е приод на експериментирање со стиловите и пробување на различни трендови. Кога е во прашање шминката, ова лето заборавете на монотонијата бидејќи колоритот е еден од главните адути на секој makeup изглед.

#1Тренд – Впечатливите колоритни сенки кои ги истакнуваат очите додека останатиот дел од лицето е неутрален се одличен party изглед за луда коктел журка.

#2Тренд – Истакнати јаболкници – Руменилото е повторно во игра а овој пат нагласувањето на јаболкниците треба да биде во сгил како што се нанесува бронзерот, од слепоочниците према образите.

#3Тренд – Впечатливи усни – Никој не може да им одолее на црвените корални узни. Ова лето пронајдете ја вашата идеална нијанса на црвен кармин, но внимавајте во игра не е класичната црвена туку оние ладен подтон.

 

#4Тренд – Очи и образи во иста нијанса – Овој тренд го забележавме кај неколку брендови на ревиите на нивните летни колекции. Сите ја обожаваат функционалноста кога еден makeup производ може да послужи за повеќе намени, а тоа е сега ‘ин’.

#5Тренд – Dewy изглед – Заборавете на производите за матирање на кожата, блескавиот изглед кој симболизира здраво природно лице е се што визажистите препорачуваат.

#6Тренд – Зачадени очи – Традиционалниот smokey изглед не отстапува од своето место помеѓу трендовите, но овој пат во малку поинаков стил. Долните очни капаци треба да бидат по нагласени од горните, овој makeup тренд се вбројува помеѓу актуелните party изгледи.

Прегледи:
440
Објавено на:
21.06.2017