Категории

Топењето на вечниот мраз на Алјаска може да предизвика моќно цунами

Новите истражувања покажуваат дека топењето на мразот на Алјаска може да доведе до судир со планините и да предизвика цунами. Спрема мислењата на научниците постои врска помеѓу топењето и лизгалиштата кои им се закануваат на градовите и туристичките атракции.

Проблематично подрачје е падината Бари Арм, од каде се гледа популарната рута за крстарење.
Одронот на Бари Арм настанал во почетокот на минатиот век а топењето е значително забрзано пред десет години и беше откриено оваа година со помош на сателитски фотографии.

Доколку дојде до тоа мразот да падне во морето, тоа може да создаде бранови кои ќе достигнат стотици метри во висина и можат да ја преплават туристичката дестинација на градот Витира.

Порано оваа година, 14 геолози предупредија дека големото цунами е можно во рок од една година а најверојатно е во наредните 20 години.

Прегледи:
570
Објавено на:
30.10.2020