Категории

Торта со плазма бисквити и јагоди: Божествен вкус што ќе ве фасцинира уште на првиот залак!

Овој рецепт е едноставен, а вкусот ќе ве воодушеви

Состојки:

  • 400 грама бисквити
  • 250 мл. млеко
  • 5 лажици рум
  • 200 мл. слатка павлака за шлаг
  • 2 кесички ванилин шеќер
  • 150 грама шеќер во прав
  • 4 цврсти јогурти (800 мл.)
  • 2 кеси со желатин
  • 400 грама јагоди

Подготовка:

  • Страните на калапот наредете ги со плазма бисквити предходно натопени во млеко измешано со рум.
  • Исечете ги плазма бисквитите до висина на калапот и ставете го остатокот од бисквитите на дното на калапот.
  • Изматете ја киселата павлака со ванилин шеќер, па додајте го шеќерот во прав и јогуртот.
  • Направете го желатинот според упатството и постепено додавајте го во подготвениот крем.
  • Врз кремот наредете ги јагодите, исецкани на парчиња, а врз нив плазма бисквитите исто предходно натопени во млеко.
  • Додете го преостанатиот крем и на крај јагодите.
  • Оставете ја тортата да се олади неколку часа или преку ноќ. Јагодите може да ги прелиете со прелив за торта.
Прегледи:
951
Објавено на:
19.01.2020