Категории

Тотално ЛУД трик како да јадете ПОМАЛКУ, но само ретки ќе го прифатат

Доколку често ви се случува  по оброкот  дискретно да морате да го откопчате копчето од фармерките  бидејќи  сте се „прецениле“ и сте изеле премногу, овој  трик би можел да ви помогне да јадете помалку.

Имено, основачот на блогот за здрав живот Чил Пил, Брендон Нгајен,  споделил корисен совет.

 Значи  доколку сте деснораки, обидете се да јадете со  лева рака и  обратно.

„Можеби на почетокот ќе ви  биде премногу  да го правите тоа за секој  оброк, па почнете  да го правите само кога вечерате бидејќи  тогаш сте најсклони на прејадување“, вели  овој  блогер.

Еве како  тој  објаснува зошто овој  трик е ефикасен.

„Причината за тоа е што  на тој начин ќе ви  биде потребно повеќе време да  јадете, па така мозокот  ќе прими сигнал дека стомакот ви  е полн пред да се прејадете.

Со  други  зборови, ќе јадете поспоро, конзумирањето храна со  рака која не ви е доминантна ќе си  дадете време да размислите за храната, наместо  едноставно да ја натрупате во стомакот.

Специјалистот за здрава храна и  слабеење Сузан Хепберн се согласува со овој совет.

„Истражувањата покажуваат  дека конзумирањето храна со рака која  не е доминантна може за 30 одсто да ја намали количината на храна која вообичаено ја внесуваме. Не само што не ни е пријато да јадеме со недоминантната рака , туку  тоа не наведува и  да размислиме дали сме гладни. Доколку одговорот е не. Ќе престанеме да јадеме“, вели специјалистот.

Извор : najadise.mk

Прегледи:
354
Објавено на:
25.06.2016