Категории

Тренд аксесоари за коса

Доколку сакате да импресионирате со вашата крративност тогаш за новогодишната ноќ изберете некој уникатен додаток за коса. Овие аксесоари се идеални за празничниот стил и исто така изгледаат многу женствено и нежно. Соберете ја косата во растурена пунџа или коњско опавче и додадете венче од кристални орнаменти или пак извиткајте ја во волуменозни бранови и додадете машна или бисерно венче и ќе добиете изглед на вистинска стилска божица.
Моден предлог од нас е при тоа да изберете едноставен фустан во една боја и едноставни црни потпетици за целото внимание и нагласокот на вашата комбинација да биде вашата коса.

Прегледи:
644
Објавено на:
21.12.2016