Од долна облека до палта и капути – бургунди нијансата оваа сезона ќе биде буквално насекаде.
Веќе неколку студени сезони со ред виновата нијанса е тренд кој храбро чекори во модниот свет па може да се најде на буквално секакви парчиња. Таа е дефинитивно модна константа која беше хит минатата есен, но разликата сега е тоа што сега ќе ја носиме од глава до пети.
Модниот месец докажа дека монохроматските аутфити се новиот тренд, па затоа не плашете се да посегнете по униформиран изглед во бургунди нијанса.