Категории

Тренд фризури готови за 5 минути

Не секогаш совршената фризура одзема многу од драгоценото време, па тоа не значи дека доколку сте во брзање морате да излезете од дома со несредена коса. Ви споделуваме неколку едноставни фризури кои се прават за само 5 минути а изгледаат неверојатно убаво, елегантно и средено како да сте поминале неколку часови средувајќи се пред огледало..

Еден од најголемите трендови моментално е Slicked (залижана) коса, па доколку не сте стигнале да ја измиете косата тогаш ова е совршено решение за вас, а при тоа изгледа многу софистицирано и деловно.. Разделете ја косата на средина на главата или на едната страна и врзете ја во коњско опавче додека страните измазнете ги со спреј или гел за коса.. Исто така доколку сакате можете да ја оставите пуштена.

Растурена пунџа  предноста во нејзината брзина е што не мора да биде прецисно средена, колку по растурена толку подобро. Една од хит фризури моментално која изгледа лежерно и романтично, а познатите дами толку ја обожаваат што ја носат дури и на црвениот тепих..

Доколку имате кратка коса, исто така можете ја залижите. Разделете ја косата на средина или на едната страна и оставете ја права, или со помош на спреј за стилизирање на косата, прснете на врвовите и коренот, со прстите истуткајте ги врвовите така што ќе добиете благи бранови па потоа со чешел целата коса замазнете ја како Џиџи Хадид..

Прегледи:
907
Објавено на:
17.03.2017