Машните апсолутно завладеаа со пролетните модни комбинации, но овој пат – машните на обувките.
Освен оние кои на овогодинешниот Моден месец, Ријана ги претстави во Париз како дел од својата најнова Fenty колекција, обувките накитени со машни се тренд кој полека почна да се развива како стилски украј и кај многу други брендови. На пазарот можат да се најдат сандали со шпицаст врв, еспадрили па дури и влечки кои на себе имаат детал во вид на панделка.
Стилските дами апсолутно ги обожаваат поради слаткиот романтичен и младешки изглед, па оваа пролет „насочете се“ кон пронаоѓање на пар со ваков детал кој брзо ќе стане дел од вашата гардероба.