Факт е дека модата се движи во круг и трендовите се повторуваат после неколку години но секако со по современ и обновен камбек. Според тоа многу е лесно да ги предвидеме идните трендови . Погледнете што точно било ин пред 20 години и кои биле најжешките модни трендови кои познатите личности ги носеле а ги носеме и ние денес.
Монохроматска комбинација – облекување во една боја од глава до пети
Фустани со илузија на голо тело – Фустаните од чипка со потстава од месо боја
Кадифе – кадифето е најактуелен тренд моментално кај сите типови на облека
Блузи со врзување околу половината
Маици со високо деколте и прерамки
Трендот на голи рамена
Фустан – ноќница
Сандали со повеќе ремчиња
Црна ролка и долг капут