Категории

Трета среќа: Откриена тајната локација каде што Бора Ѓорѓевиќ кажал „ДА“

Популарниот рокер Бора Ѓорѓевиќ, познат како фронтмен на легендарниот рок-бенд Рибља чорба“, третпат се ожени, и тоа со Словенката Дубравка Милатовиќ, која го натера да ги смени животните навики и животниот стил. Бидејќи младенците не сакале голема помпа околу венчавката, никој не знаеше кога и каде го изговориле судбоносното „ДА“. Сепак, како што пренесуваат српските медиуми, тајната венчавка е разоткриена – Бора и Дубрпвка се венчале на Санторини, во Грција.

„Дубравка и јас се сакаме скоро две и пол години. Нè запозна менаџерот Сречо Липовец. Таа е првата жена што ми готви. Ја сакаат моите пријатели и моите деца, и тоа со причина. Денес повеќе живеам во Словенија, одошто во Србија. Ја фрлив котвата во мирната Љубљана и многу ми е убаво со Дубравка, жената што ја сакам. Има ли поголема среќа од тоа да сакаш и да бидеш сакан?! И што е најубаво, мојата последна љубов прифати да се омажи со мене. Таа беше младата, а јас староженецот. Се венчавме на 25 мај, на Денот на младоста, во Грција, на Санторини“, изјави Бора за магазинот „Стори“.

Прегледи:
370
Објавено на:
09.07.2016