Категории

Три грешки кои ги правите при чистењето на лицето

Правилното чистење на лицето е клучниот фактор кај негата на кожата и таа игра најважна улога во нејзиниот изглед како и спречувањето на иритации, црвенила, неправилности како акни и други кожни проблеми.
Постојат неколку мали грешки кои несвесно ги правите а доведуваат до значителни промени кои најчесто не се одразуваат позитивно на кожата, ние ви ги споделуваме со цел да научите кои се тие и успешно да ги избегнувате понатаму.

Користите премногу топла или премногу ладна вода
Премногу ладната вода ги затвора порите додека претоплата ја пресушува кожата. Секогаш внимавајте водата да е пријатна и млака а притоа обавезно користете пилинг или гел за миење на лицето, тоа ќе ги исчисти порите па на крај можете да го измиете лицето со млаз ладна вода која ќе ги затвори чистите пори и ќе спречи појавување на црнки, акни и митесери.

Брзо чистење на лицето со малку продукт
Сигурно кога сте уморни гледате што побрзо да завршите со постапката на чистење на лицето но со тоа нема да постигнете ништо. Особено доколку ставате тешка шминка, клучно е таа внимателно да ја исчистите со сретство за отстранување на шминка, а потоа не смеете да заборавите да го измиете лицето со производ за длабинско чистење, тој ќе го острани оној слој од шминката кој првичното сретство не успева па на крај ќе имате целосно чиста кожа која следниот ден ќе ви биде благодарна.

Ги игнорирате барањата на вашата кожа
Доколку имате осетлива кожа морате да внимавате производите кои ги користите да бидат наменети за тој тип на кожа, истото важи и за оние кои имаат сува/масна кожа. Доколку ги игнорирате знаците кои вашата кожа ви ги дава, односно користите сретства кои ви ја пресушуваат кожата или ви создаваат иритации, тоа значи дека тие не се соодветни за вашата кожа и тоа може да доведе до сосема спротивен резултат од посакуваниот.

Прегледи:
335
Објавено на:
29.08.2017