Категории

Три особини на вашиот хороскопски знак кои ќе ве засрамат

Сигурни сме дека сите вие ги знаете квалитетите на вашиот хороскопски знак, но колку сте запознаени со недостатоците? Погледнете ги следниве 3 нешта по кои секој знак е озлогласен…

Овен
– Вашето мото би требало да биде реченицата: „Одма, веднаш, одма!“ Вие постојано сте во брзање и сте нестрпливи.
– Ако не е ваша идеја, воопшто не се грижите за неа.
– Знаете да бидете мнооогу незрели.

Бик
– Вие сте посесивни, материјалисти и не знаете како да делите.
– Вие сте тврдоглави.
– Знаете да бидете мрзливи и хедонисти.

Близнаци
– Толку сте специфични што вашите соговорници никогаш не знаат што да прават со вас.
– Сакате да го слушате вашиот глас, па затоа секогаш им упаѓате во збор на другите.
– Вие имате толку многу хобија што на ништо не сте посветени целосно.

Рак
– Постојано го менувате вашето расположение.
– Внимателни сте и плашливи.
– Чувствителни сте и ретко кога може да се знае која ситница би можела да ве погоди.

Лав
– Толку многу се сакате себеси што едноставно не можете да ѝ одолеете на ниту една површина која има одраз.
– Доколку сакате нешто, подготвени сте да направите сè што е во ваша моќ за да го добиете.
– Желбата да бидете во центарот на вниманието може да биде проблематична, бидејќи никој не сака личности кои сметаат дека се центарот на Универзумот.

Девица
– Ги осудувате сите околу себе и луѓето никогаш не знаат кога би можеле да ги земете на заб.
– Знаете да ситничарите и да им префрлате на луѓето за секакви глупости.
– Можете да бидете крајно песимистични и да ги повлечете сите околу вас во вашето негативно расположение.

Вага
– Вие сте навистина неодлучни и договарањето со вас за нешто е вистински пекол.
– Склони сте да се откажете од вашите принципи само за да можете да направите некого среќен и да го задржите мирот.
– Вашата фасцинација со убавината ве доведува до посветување премногу време за средување на себеси.

Скорпија
– Вие сте одмаздољубиви и подготвени сте некому да му го загорчите животот доколку ве повреди или оштети.
– Вашите манипулаторски способности можат сериозно да нарушат нечие ментално здравје.
– Вие никогаш не сте само лошо расположени, туку истовремено сте и во длабока мизерија.

Стрелец
– Искрени сте до таа мера што понекогаш звучите како едноставно да сакате само да повредите некого.
– Сакате да глумите дека баш сè знаете.
– Ако не правите нешто ново и возбудливо, најверојатно ви е смртно досадно.

Јарец
– Толку сте опседнати со контролата, што не разбирате што е тоа опуштање.
– Спремни сте без размислување да ги искористите другите за својот напредок.
– Уживате да зборувате за негативните работи и се храните со негативната енергија.

Водолија
– Сакате да мислите дека сте објективни и рационални, па токму затоа брзате и ги осудувате другите.
– Постојано мечтаете и живеете во некој свој свет, па затоа луѓето ве доживуваат како ладни.
– Секогаш нудите совети, но подеднакво често не слушате што соговорникот навистина ви говори.

Риби
– Сакате да се препуштите на животните околности, па многу често ви бега контролата над вашиот сопствен живот.
– Често пропуштате да ги забележите потребите на другите.
– Многу сте наивни

Прегледи:
377
Објавено на:
15.01.2017