Категории

Три промени кои ќе се случат кога ќе престанете да јадете бел леб

Лебот е омилена храна за многумина без која не можат да го замислат денот.

Но, исто така, оваа јагленохидрантна бомба доаѓа во многу различни форми, од кои некои се штетни за нашето тело и линија, додека други заслужуваат само пофални зборови. Откријте што ќе се случи со вашето тело ако целосно го елиминирате белиот леб од вашата исхрана

1. Ќе изгубите килограми предизвикани од вода

Лебот е полн со јаглени хидрати, а ненадејното исфрлање од исхраната, моментално ќе забележите губење на тежината. Но, тоа не е слабеење, тоа е губење на вода што се собира во вашето тело.

Телото ги складира јаглехидратите во форма на гликоген, млечна киселина што собира вода. Секој грам јаглени хидрати во телото задржува и врзува три до четири пати повеќе вода во организмот.

2. Нема да бидете постојано гладни

Преработените јаглени хидрати, какви што е преполн белиот леб, предизвикуваат шеќерот во крвта брзо да порасне, а потоа многу брзо да се спушти. Овие промени во мозокот испраќаат нејасни сигнали кои го зголемуваат чувството на глад ​​и копнежот по храна поради што се дебелиме.

Како и да е, тоа не значи дека треба целосно да се елиминира белиот леб од вашата исхрана, туку да се замени со оној направен од цели зрна кои го регулираат и балансираат шеќерот во крвта.

3. Ќе ви се зголеми енергијата и варењето ќе ви се подобри

За разлика од интегралниот или црниот, белиот леб не содржи влакна кои се неопходни за нормално функционирање на цревата и дигестивниот систем. Таквата храна предизвикува запек и дигестивни проблеми.

Откако ќе го извадите белиот леб од менито и ќе вклучите цели зрна во вашата исхрана, органите за варење започнуваат нормално и лесно да работат.

Исто така, јаглените хидрати се храна и гориво за мозокот. Ако се со добар квалитет, мозокот работи нормално, но ако храната на мозокот не е здрава, телото реагира негативно и се појавува чувство на слабост и замор.

Прегледи:
384
Ознаки:
· ·
Објавено на:
12.09.2019