Со тридневна диета, поединци можат да изгубат до 4 килограми (првенствено поради загуба на вода), но чувството на задоволство за брзите резултати е одлично. Принципот во кој исхраната се базира на резултати се однесува на намалување на внесот на калории и забрзан метаболизам кој согорува зголемени количини на маснотии.
Првите варијанти на тридневна диета биле родени на крајот од осумдесеттите години, и тие биле нарекувани воена диета, поморска исхрана, клиничка исхрана или едноставно тридневна диета. Тие имаат само тридневно траење и ветување за губење од 4 до 5 или повеќе килограми за три дена.
Повеќето варијанти вклучуваат конзумирање на големи количества туна и зеленчук и сладолед во вечерните часови, пиење најмалку четири чаши вода. Самата диета е енергетски многу рестриктивна и ветува релативно брзо загуба на килограми во краток временски период, што подразбира ризик од забавување на метаболизмот и, следствено, враќање на килажата по завршувањето на исхраната. Единствената предност на овој вид на исхрана е тоа што таа е краткотрајна и дефицитите на витамини и минерали не се реални.
Прв ден
Појадок: половина грејпфрут, тост, две супени лажици путер од кикирики и кафе или чај
Ручек: половина чаша туна, тост, кафе или чај
Вечера: 100 гр од било кој вид месо, зелено јаболко, половина банана, мало јаболко и сладолед од ванила
Втор ден
Појадок: едно јајце, кришка леб и половина банана
Ручек: парче свежо сирење или тврдо сирење, едно тврдо варено јајце и пет солени крекери
Вечера: две парчња двопек, брокула, пола морков, пола банана и пола чаша сладолед од ванила
Трет ден
Појадок: пет солени крекери, тврдо сирење и мало јаболко
Ручек: тврдо варени јајца и спанаќ
Вечера: туна, половина банана и сладолед од ванила