Категории

Трик како вашите чевли да останат суви за време на дождливите денови

Овој трик можете да го примените на чевли од платно, како и на кожени или велур чевли.

Дождливите денови се пред нашиот праг, и со првите такви денови, ние се бориме да избереме соодветни обувки. Ако сепак се случи тој ден да не носите водоотпорни чевли, а надвор почна да врне, има решение. Со првите капки дожд, не мора веднаш да ги повлекувате гумените чизми, можеби нема да одговараат на сите комбинации. Затоа е важно да го знаете трикот со кој ќе можете да носите речиси секој чевел за време на дождлив ден.

Со помош на овој едноставен трик, речиси секој чевел може да стане водоотпорен.

Едноставно е – набавете пчелин восок. Премачкајте ги чевлите со оваа смеса и оставете да се впие и исуши, а потоа избришете го вишокот со салфетка и подготвени сте за дождлив ден.

Трикот функционира и кога станува збор за платнени чевли, но внимавајте малку – може да се случи платното да остане обоено поради маснотии.
Кога ги размачкате чевлите со пчелин восок, водата само ќе се исцеди од нив, без апсорпција да доведе до влажни стапала, а подоцна и настинки.

Пчелиниот восок не е скап, и ви треба мала количина, па штом ќе го купите, ќе ви трае долго.

Прегледи:
499
Објавено на:
27.08.2021