Категории

Трик со кој за 2 секунди ќе откриете дали чевлите се удобни!

Купувањето на потпетици може да биде ризично, бидејќи во тој краток период додека ги пробувате во продавницата, не можеме да знаеме дали потпетиците ќе ни бидат удобни. 

За да дознаете, всушност не мора ни да ги пробате. Именo, тоа може да го дознаете доколку само ги гледате потпетиците, а се што ви е потребно е линијар. Оддалеченоста помеѓу ѓонот и петата открива дали се потпетиците удобни.

Доколку оддалеченоста е помала од 7,5 цм, чевлите нема да бидат удобни, без обзир на висината на петата. Колку е пократка оддалеченоста, тежината на ножните прсти е поголема, а со тоа и неудобноста и болката.

Што значи, доколку сакате удобни потпетици, купете ги оние со оддалеченост која изнесува најмалку 7,5 цм.

 

 

Прегледи:
563
Објавено на:
07.05.2018