Категории

Трикови кои мора да ги знаете доколку сакате убави и истакнати очи

Очите се можеби најважното нешто при средбата со луѓето, така остваруваме контакт и така се спознаваме. Вашите очи се и онака убави, но некогаш правиме грешки со шминката и тоа не е изгледа добро, а секогаш има и начин како да ги направите повпечатливи и поубави.

Нагласете ги веѓите

Убавите веѓи се клучни за комплетен убав изглед на окото. Со помош на молив, четка, восок може да постигнете убаво средени веѓи.

Употребувајте нагласувач

Нагласувачот е производ кој му дава сјај на вашето лице. За да ги истекнете очите ставете од него на контурите на окото и во внатрешните агли на окото.

Цртајте стрели

Стрелите никогаш не излегуваат од мода, па земете туш или молив за очи и нацртајте убава остра линија.

Задимени очи

Ова е еден од најпопуларните изгледи. Може да го носите и преку ден и навечер, поистакнато или посутилно, а гарантирано вашите очи ќе изгледаат одлично.

Не го заборавајте белото моливче

Ова е главниот трик за поотворени и повпечатливи очи. Нанесете на долната внатрешна линија и убаво изблендирајте, заборавете на темните моливчиња, тие само го затвараат вашето око.

Извиткајте ги трепките

Само мало извиткување, дури и да не користите маскара, ќе ги отвори очите, а истовремено ќе изгледаат природно.

Издолжете ги трепките

Може и не сте фанови на маскарите, но маскарата го комплетира изгледот и од целиост спектар на шминки да ја изберете само нејзе, нема да погрешите.

Ставете кармин во неутрална боја

Ако сакате да ги нагласите очите, не ставајте светли и впечатливи бои на кармин на вас. Изберете некоја неутрална боја на сјај или кармин.

Прегледи:
644
Објавено на:
23.10.2016