Категории

Трикови за долготрајност на карминот на усните

На пазарот има голем број кармини кои гарантираат постојаност но секако тие би чинеле цело едно мало богатство. Тајната не е во тоа да го купите тој продукт и притоа да се чувствувате виновно за тоа што сте потрошиле голема сума на само еден кармин, туку во начинот на нанесување и негата на усните што може да ви донесе иста постојаност како и било кој друг кармин купен по прифатлива цена.

За таа цел ние ви откриваме неколку beuaty трикови кои ќе ви помогнат да ја одржите трајноста на вашиот кармин на усните што е можно по долго.

1.Коректор
На чисти усни, препорачливо пред тоа направен пилинг, ставете коректор коој го користите за подочници. Натапкајте нежно на средината на усните, се препорачува да е хидратантен и водоотпорен.

2.Молив во нијанса на кожата
Исцртајте ги усните со молив во нијанса приближна или иста на кожата. Тоа ќе спречи изливање на карминот и неуреден изглед.

3.Нанесување
Нанесувањетo на карминот од самата опаковка никогаш нема да изгледа доволно прецизно, па затоа користете четка за таа намена. Нанесете го во слоеви.

4.Матирачка пудра
Пудрата во прав е доста важен чекор. Пред да ја нанесете, натапкајте ги усните на хартиено марамче а потоа нежно поминете со камена пудра одозгора.

5.Мат кармин
Најдобро е на самиот завршеток да нанесете мат кармин во иста нијанса. Повторно со четката нанесете уште еден слој и со тоа ќе добиете потполно долготраен изглед.

Прегледи:
265
Објавено на:
13.06.2017