Категории

Трикови за отстранување на темните кругови и подочниците

Ви откриваме неколку ефикасни начини како да се решите од темните кругови под очите и нивната подуеност која изгледа толку непривлечно и не успева да се покрие ни со еден тон шминка. Наместо бесполезно да нанесувате слоеви коректор кој само ќе ја влоши ситуацијата, ве советуваме да ги пробате следните трикови кои за само неколку минути ќе ве ослободат од овој проблем.

1. Спиење на грб
Спиењето на стомак или на страна предизвикува собирање на течностите под очите во текот на ноќта што е причината за појавувањето на темните подуени кругови под очите. Пробајте да спиете на грв, а главата подигнете ја малку повисока перница.

2. Ладно млеко
Натопете два памучни туфери со ладно млеко и ставете ги на затворени очи. Лактозната киселина која ја содржи млекото додатно ќе ја нахрани вашата кожа. Млекото содржи и протеини, ензими, аминокиселини и антиоксидански кои ја зајакнуваат и опоравуваат оштетената кожа.

3. Кесички зелен чај
Над очните капаци ставете изладени вреќички сварен зелен чар и држете ги неколку минути. Овој трик посебно ќе помогне при „уморните“ очи затоа што содржи кофеин кој и смирува крвните жили под очите и го намалува црвенилото. Освен тоа, чајот дополнително ќе ја затегни кожата под вашите очи.

4, Кругови краставица
Најпознатиот трик кој неверојатно многу делува е краставицата. Но тајната е во тоа што круговите краставица треба да бидат ладни. Држете ги на очите околу пет минути а ефектот на ладење значајно ќе го намали отокот.

5. Пијте повеќе вода
Ова е секако најлесниот трик за отстранување на подочниците. Можеби мислите дека е клише, но водата ите како има важна улога во излегот на кожата. Таа помага да се исфрлат од организмот непотребните токсини и воедно ја смалува количината сол која се собира под очите.

6. Отстранувајте ја шминката
Водете грижа за тоа кога ја отстранувате шминката од очите да не останат никакви траги. Понекогаш обичните препарати недоволно ја вадат сенката и маскарата што влијаат на тоа вашите очи да изгледат уморно. Користете производи кои гарантираат 100% отстранување на шминката а доколку е потребно, повторете повеќе пати се додека на памукот не остане апсолутно ништо.

Прегледи:
372
Објавено на:
02.04.2017