Категории

Трикови за природно густи веѓи

Ништо на лицето не може да го промени изгледот колку што тоа го можат веѓите. Меѓутоа, поголемиот дел од дамите се мачат со нивното обликување. Таа мака е особено голема кај оние кои имаат природно тенки и слаби беѓи.
Доколку и вие припаѓате во тој круг на жени, а не прифаќате тетовирање и исцртување на веѓите, тогаш овие совети кои ние ќе ви ги споделиме се токму за вас.
Правило број 1: Заборавете на пинцетата! Престанете да користите пинцетата и не ги кубете влакната барем на некое време се додека не се пополнат празните места каде што ви фалат влакна и ги прават вашите веѓи нерамномерни и тенки.

Правило број 2: Со цел влакната кои ги формираат веѓите да растат природно и брзо, кожата на тие делови мора да биде чиста и хидратирана. Затоа, ви предлагаме на деловите каде имате недостаток на влака да користите масла и хидратантни креми. Рицинусовото масло е најпознат лек кој го поттикнува растот на влакната. Секоја вечер пред легнување, мачкајте ги веѓите со рицинусово масло со помош на четкичка за веѓи и стара четка од маскара. Можете да го мешате со кокосово и маслинов масло кои исто така се делотворни. Се препорачува и користење на вазелин 2-3 пати неделно.

Правило број 3: Последното правило гласи внесување на витаминот Е во организмот. Слободно грицкајте бадеми и лешници, и сите останати продукти кои имаат изобилство на витамин Е.

Прегледи:
1232
Објавено на:
28.04.2017