Ако немате време за да ја исфарбате својата коса, а веќе има пораснато нова, еве неколку трикови како да ја сокриете- барем привремено.
- Ако вашата коса е природно потемна.
Овој проблем најмногу го имаат жените кои се фарбаат во светли бои.
Потребно ви е шампон за суво миење на коса или пудра за бебиња. Едноставно ставете на косата (или попрскајте со шампонот), поконкретно по коренот на косата и разнесете го насекаде со помош на четка а потоа изчешлајте ја косата. Овој трик визулено ќе ја осветли косата и ќе ја мутира природната коса кон фарбаната, и ќе изгледа како омбре.
- Ако вашата природна боја на коса е посветла.
Овој трик е за сите жени кои имаат природно посветла боја на коса, а кои се фарбаат потемно од разни причини.
Се што ви е потребно е сенка за очи во црна или кафена боја, во зависност од бојата на косата. Со помош на четка на коренот нанесете сенка и убаво расчешлјте. Додадете по потреба. Внимателно со бојата, за да не биде различна.