Клои Кардашијан, која е во последните недели од бременоста и го очекува своето прво дете со кошаркарот Тристан Томпсон, доживеа уште едно непријатно изненадување од својот партнер, кој за време на престојот во Њујорк е снимен како се бакнува со непозната бринета во ноќен клуб, а потоа заедно се упатуваат до хотелот во кој престојува.
Покрај овие снимки, ТМЗ објави уште едно видео кое наводно е снимено во октомври, минатата година, на кое се гледа дека Тристан не и бил верен на Клои ни в првите месеци од нејзината бременост.