Категории

Трослојно чоколадно задоволство за сите сетила

Кога стануза збор за вкусови, ретко кој може да одбие и одолее на парче чоколадна торта. Чоколадните торти се вистинско слатко задоволство кое ќе ви ги заскокотка сетилата и одвај ќе се сопрете да не ја изедете цела торта сами.

За сите љубители на чоколадните торти, ви предложуваме да ја направите следната трослојна чоколадна торта. Потребни состојки за подготовка ви се чоколадни колачиња или чоколаден пандишпан кој лесно се рони.

Потребни состојки за мусот од карамел:

227 gr маскарпоне

2 лажици шеќер

22 меки карамели

4 лажички слатка павлака за готвење

227 gr шлаг пена

Потребни состојки за чоколадниот сос:

2 сварени чоколадни пудинзи по упатството (може да додадете и неколку лажици какао или темно чоколадо за поинтензивен вкус)

Потребни состојки за чоколадниот мус:

227 gr шлаг пена

½ шолја чоколаден сос (од приготвениот)

За карамел сос:

30 меки карамели

2 лажици слатка павлака за готвење

4 мали чоколатца со карамел

Или зготов карамел прелив

Како да го подготвите мусот од карамел? Во длабок сад измешајте ги маскарпонето и шеќерот додека добро не се спојат. Во микробранова или пак на оган со средна температура загрејте ги 22-те меки карамели заедно со 4 лажици слатка павлака. Откако добро ќе се стопат, оставете ги да се оладат. Помешајте го изладениот карамел со првата смеса од маскарпоне додека не стане мазна. На крајот додадете ја шлаг пената и добро изматете додека не се соединат целосно. Покријте ја смесата и оставете ја во фрижидер да се олади. Сварете ги чоколадните пудинзи според упатството и додадете нешто чоколадно како какао или црно чоколадо, за да го појачате вкусот.

Што се однесува за подготовката на чоколадниот мус, помешајте ½ шолја од оладениот чоколаден сос кој веќе го подготвивте со 227 gr шлаг пена. Добро измешајте и оставате во фрижидер да се олади.

За подготовка на карамел сосот потребно е да  стопете 30 меки карамели со 2 лажици павлака за готвење, во микробранова или на оган со средна температура. Откако добро ќе се стопат и смесата ќе стане мазна, оставете добро да се олади.

Можеби подготовката на овој десерт изгледа комплицирана, но ова слатко трослојно чоколадно задоволство е незаменливо.