Категории

Трудничкиот стомак во прв план: Кајли Џенер преку видео објави дека е повторно бремена

Една од најпознатите славни личности, 24-годишната Кајли Џенер откри дека е бремена по втор пат! 

За нејзината бременост почна да се шпекулира веднаш штом објави стари фотографии за својот роденден, кои очигледно настанале во јуни, а не во август.

Сега, на својот Инстаграм профил објави видео преку кое потврди дека го чека своето второ дете со раперот Тревис Скот (30), со кого веќе ја има 3-годишната ќерка Сторми.

Прекрасното видео започнува со позитивниот тест за бременост, а потоа следат реакциите на Тревис кој го бакнува нејзиниот стомак, па сѐ до моментот кога и ја соопштуваат веста на нивната ќеркичка, како и на идната баба Крис Џенер…

 

View this post on Instagram

 

A post shared by Kylie 🤍 (@kyliejenner)


 

Прегледи:
561
Објавено на:
08.09.2021