Категории

Цел живот погрешно нанесуваме дезодоранс: Еве како правилно се користи!

Постои начин да го задржите вашиот дезодоранс од утро до вечер, а да не мора да го нанесувате повеќе пати во текот на денот..

Постојаноста зависи од времето кога ќе го нанесете антиперспирантот на кожата. Најефикасно ќе биде доколку го нанесете навечер, пред спиење. Можеби ви е чудно зошто треба да нанесувате дезодоранс / антиперспирант пред спиење, но постои многу добро оправдување.

Антиперспирантот е лек кој содржи активни состојки – алуминиумски соли кои го инхибираат нормалното функционирање на организмот т.е. потењето. Овие соли создаваат затварач во потните жлезди, намалувајќи го потењето. Бидејќи ноќе многу помалку се потиме отколку во текот на денот, антиперспирантот не треба повторно да го нанесеме наутро. Нанесете антиперспирант на пазувите во вечерните часови на сува кожа. Луѓето честопати прават грешка, нанесуваат дезодоранс на влажна кожа веднаш по туширањето, поради што повеќето антиперспиранти не ги достигнуваат потните жлезди, затоа што водата на кожата ги разредува или дури и ги „исплакнува“.

Нанесувањето на антиперспирант на сува кожа во вечерните часови не само што ќе го спречи потењето за време на спиењето, туку неговото дејство ќе продолжи и за следниот ден.

Прегледи:
750
Објавено на:
14.10.2019